Автохтони Раси НА ДОМашни животни во рсм
Автохтони раси се раси на добиток кои настанале на подрачјето на Република Македонија. Автохтоните раси и/или линии се под посебен режим на заштита. Автохтоните раси и/или линии според видовите на добиток се: говедa – буша, овци – каракачанска, овчеполска и шарпланинска, кози – балканска коза, кокошка – домашна кокошка, бивол – домашен бивол, коњ – домашен коњ, магаре – домашно магаре, куче – овчарско куче шарпланинец, свињи – локална примитивна свиња и пчели – пчела (Apis mellifera macedonica).
Признавањето на нови автохтони раси и/или линии се врши по претходно доставено барање до Министерството. Кон барањето задолжително се приложува стручен елаборат кој на трошок на подносителот го подготвува изведувачот на јавната услуга спроведување на Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Автохтоните раси и/или линии се запишуваат во регистерот на автохтони раси, кој го води Министерството. Името и автохтоната раса и/или линија, Република Македонија согласно со ратификуваните меѓународни договори и спогодби и меѓународно ги осигурува. Начинот на одгледувањето и прометот на автохтоните раси и/или линии, формата и содржината на барањето , како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот ги пропишува министерот.
Автохтони раси во рсм
Говеда
Кози
Кокошка
Бивол
Коњ
Магаре
Свињи
Министерство за земјоделство, шумартсво и водостопанство на Република Северна македонија
Факултет за Земјоделски Науки и Храна - Скопје
Адреса
16та Македонска Бригада бр.3 Скопје РСМ
















































