










Биволот е најдалечниот сродник на правите говеда (Bos Taurus). Тој е мирно животно кое се користи за различни потреби. Има широк ареал на распрос-транетост, на исток од Јапонија и Кина, на запад до Европа, на север до средна Азија на југ до Африка. Создаден е во топлите и влажни предели во тропскиот и суптропскиот климатски појас, но ус-пешно опстојува и во континенталниот појас. Биволите во реоните со влажна и топла клима се најпогодни за користење во земјоделството, така што по својата работна моќ два пара биволи е еднаква на три пара на волови.
Во Р. Македонија порано се одгледувале преку 30.000 биволи, а денес, според официјалните податоци, на крајот на 2015 година има вкупно 55 грла биволи.
Во Република Македонија согласно член 62 од Законот за сточарство реализа-цијата на Програмата за заштита на биолошката разновидност на добитокот, меѓу кои спаѓа и домашниот бивол. Биволот е сродник на говедата кој е целосно прилагоден на условите од овие географски простори.
Од 2009 година во Р. Македонија за прв пат биволите се ставени во Програмата за финансиска подршка во земјодел-ството од Министерството за земјодел-ство, шумарство и водостопанство. Од јануари 2013 година домашниот бивол е воведен во законот за сточарство како автохтон вид на домашни животни, како и во Програмата за заштита на биолошката разновидност во сточар-ството во Р. Македонија.
Хемиски состав на биволското млеко
| Параметар | Просечна вредност |
| Просечна млечност (kg/ден) | 5,25 |
| Млечна маст (%) | 7,43 |
| Млечни протеини, % | 4,04 |
| Суви Безмаст. Мат., % | 10,63 |
| Суви материи, % | 18,06 |
| Густина на млеко | 1,03345 |
Биволот е касностасно животно, со просечна тежина од 350 до 400 кг кај женските и 400-650 kg кај машките грла. Тој е најдалечниот сродник на говедата. Млечноста кај биволиците изнесува околу 700 kg за лактација од 4 до 8 месеци. Млекото е со висока масленост, од кое се добива јако сирење (моцарела). Долговечни се, отпорни и лесно прилагодливи. Нивното месо е темно црвено и посно. Рандманот изнесува околу 45%.