Каракачанска Овца

Сите имиња за оваа овца (Каракачанка, Црно—Влашка овца, Саракачанка, Куцо – Влашка, Албано – Влашка овца) се поврзани со името на одгледувачите на овцата, етничко малцинство Власи. Популацијата овци нема конкретен регионот на одгледување, се одгледува во екстензивните региони на Република Македонија затоа што во минатото одгледувачите биле номади.

Оваа популација на овци е присутна во соседните земји (Бугарија, Србија, Албанија и Грција). Во педесеттите години на минатиот век околу 222.000 грла на Каракачанската овца се одгледувале во Република Македонија, што претставувало 10% од вкупната популација на овци. Десет години подоцна бројот се намалил на 100.000 грла.

Бојата на волната е сиво-црна или кафено-црна, можна е појава и индивидуи со бела боја на волната. Сите непокриени делови на телото (глават, уши и нозе) се прекриени со црни покривни влакна.

Главата е мала, со добро развиени, спирално поставени рогови кај овните, повеќето од овците се шути (7-10% се рогати). Нозете се кратки, силни и добро развиени, папците се цврсти. Волната е груба, руното е отворено и долго (до 26 cm). Приносот на волната кај овните е 1,5 килограми додека кај овците е 1,1 kg (со варијација 1,4-3,2 kg). Просечната тежина на овците е до 33 kg, а на овните до 44 kg. Висината на гребенот кај овните е 62cm додека кај овците е 55 cm. Оваа раса припаѓа на групата на кратко-опашни овци, со должина на опашка во просек од 24, 22 cm (12,37 опашни пршлени во просек).

Каркачанската овца се карактеризира со тројно производство (млеко-месо и волна). Таа е многу отпорна, скромна и адаптибилна во скромни услови на одгледување, витално и енергично животно со високо развиено чувство на припадност на стадото. Каракачанската овца има ниска млечност, 24-26 литри млеко во  лактација.

Процентот на близнење кај оваа популација е низок, 3-5%. Оваа популација овци речиси никогаш не се одгледува заедно со Шарпланинската или Овчеполската овца, но во ретки случаи неколку овци може да се присутни во стада на  Шарпланинската или Овчеполската овца каде Каракачанските овци служат како маркери. Денес оваа популација овци е карактеризирана како загрозена, единствено едно стадо (40 овци) на оваа популација е Ex situ конзервирано во Ветеринарно сточарскиот центар “Тодор Велков” во Куманово.