Домашна балканска коза

Развојот на козарството во Република Македонија е условено од два моменти во минатото. Преку примена на законски регулативи одгледувањето на козите во 1947 година беше забрането за да во 1989 година повторно биде одобрено одгледувањето на козите.

Домашната балканска коза претставува типичен пример на примитвна раса со слаби производни особини.

Најмногу е распространета во Југо-источниот плански регион на Република Македонија.

Просечната висина на гребенот изнесува 65cm, а масата е од 30kg кај козите до 40kg кај прчовите. Козината е долга и се јавува во повеќе вариетети (црна, сива,кафеава, срнаста и др.).

Јарците имаат јаки и добро развиени рогови, кај козитероговите се помла и сабјесто поставени.

Домашната балканска коза е касностасна, првото јарење го има дури после две години, ојарува 1-2 јариња.

Лакацијата трае 7-8 месеци, млечноста е 200-250 литри по лактација, годишно се добива 05,kg козина. Домашната балканска коза се одликува со скромност, изржливост, прилагдливост и добра аклиматизациска способност.

Во текот на 2014 година формирана е Призната организација на одгледувачи на балканска коза во која се опфатени вкупно пет стада со вкупна бројка од повеќе од 600 грла во тип на домашна балканска коза.