





Глава
Главата е пропорционална со големината на телото и има приближна должина од околу 25 цм, (или 40% од висината на гребенот). Черепот е малку подолг од муцката, покривајќи 58 % од вкупната должина на главата (58% : 42% сооднос). Женските примероци имаат малку подолга муцка и тоа околу 57 % од должината на главата (57% : 43% сооднос). Челото (черепот) е сув, широк, со проектирана централна челна линија. Гледано одозгора, латералната страна е малку испакната и заоблена. Јагодичните коски се слабо изразени. Вратните пршлени се исто така слабо изразени. Муцката е пократка од черепот, нејзината основа е широка и длабока, но постепено и нежно се стеснува кон врвот (на носот). Носната печурка е права и широка. Носот е широк, со црн пигмент. Усните се прилично полни, притиснати, горната усна малку е над долната. Аглите на усните се затворени, без лезии. Забалото е потполно (42 заби). Треба да е ножичесто забало. Горната вилица треба да ја преклопува долната. Очите се со форма на бадем, ниту испакнати ниту потонати, темно кафеави, со мирен, племенит и бестрашен поглед. На очните капаци, како и сите видливи мукозни ткива, имаат црн пигмент. Ушите се поставени во замислена буква V од врвот на носната печурка до внатрешните агли на ушите. Покриени се со кратко влакно.
Врат
Горниот вратен профил е исправен или благо проектиран во горниот дел. Вратот е средно долг. Поради своето дебело влакно, се чини пократок, широк и мускулест. Тоа е добро поврзан со главата и телото. Влакното на вратот е густо, долго и грубо создавајќи грива.
Тело
Грбната линија на телото е права. Надграденост на задниот дел на телото е дозволена за примероци израснати во планинските реони. Гребенот е малку повеќе нагласен и поширок. Вратот и гребенот се соодветно поврзани, со невидлива точка на поврзување. Колковите се средно долги, косо поставени наназад, широки и добро покриени со мускулно ткиво. Градите се длабоки и со долниот дел достигнуваат до колениот зглоб, градите се средно долги со нежно заоблени ребра. Гледано фронтално, градниот кош е широк и мускулест. Обемот на градниот кош треба да биде најмалку 20 % подолг од висината на гребенот. Абдоменот – стомачниот дел е тесно припиен и мускулест.
Опашка
Опашката е долга и достигнува најмалку до скочен зглоб. Во коренот опашката е широка, постепено стеснувајќи се кон врвот. Влакната се долги, оддавајќи впечаток на богато обложена опашка. Опашката е во форма на сабја и кога кучето е во афект таа е крената над грбната линија.
Предни нозе
Генерално гледано, предните нозе имаат нормален став во однос на телото а висината на колениот дел сочинува 55 % од висината на гребенот. Поединечните делови на предните нозе се во сооднос едни со други, како и со општиот изглед на телото. Плешката е значително долга и широка, добро поврзана со градниот кош. Горните делови од нозете се богати со мускулно ткиво. Аголот на лактот помеѓу горниот дел од ногата и телото е околу 145 степени. Лактите се широки, со правилна положба на телото.
Шепи
Моќни, со тесно поставени прсти во облик на лажица. Ноктите се силни, со црн пигмент, а исто така и перничињата се со црн пигмент.
Задни нозе
Гледано одзади држењето на задните нозе е правилно, малку пошироко поставени од предните нозе. Бутината е со силна мускулна маса. Аголот на зглобот на коленото е поотворен отколку оној на рамото и изнесува околу 125 степени.
Скочен зглоб
Широк и значително отворен со агол од 130 степени.
Задните прсти
Силни, малку повеќе коси од предните со ретки случаи на “петти прст”, кој треба да се отстрани.
Одови
Одењето е раскошно, со долги чекори. Се претпочита одовите да бидат со средна динамика и висок кас. Во галоп оди потешко, но со долги и богати скокови.
Кожа
Средна дебелина, флексибилно и цврсто се протега на телото, без брчки. Сите видливи мукозни ткива имаат темно или црн пигмент.
Покривач на телото
На главата, ушите и предните делови на нозете се покриени со густо и кратко влакно. На вратот, трупот и задните делови на екстремитетите и опашката се опфатени со долго и малку погрубо влакно. Под слојот на долги влакна постои еден слој на пократки влакна, многу пофини и погусти т.н. подвлакно. Должината на влакното на гребенот треба да е од 10 -12 см, а не треба да биде пократко од 7 см.
Бои
Бојата на кучето треба да биде еднобојна. Сите нијанси се движат од бела до темно сива, скоро црна и сите се прифатливи. Разнобојни примероци не се прифатливи. Во сите пигментирани примероци доминантна боја е најинтензивна на горните делови на главата, вратот и трупот. Во долниот дел од телото пигментот постепено се јавува во полесни нијанси на потколеничниот дел.
Следите варијации во бојата се присутни кај овчарското куче шарпланинец:
- Мурџo тип на куче кое е со железно сива боја и со темна маска на главата.
- Карабаш (“карабаш” турски израз кој во превод значи црна глава) тип на куче со пченично жолта боја, која може да биде светла или темна, со изразена темна маска.
- Мерџан (“мерџан” турски израз кој во превод значи бисер) тип на куче со бела боја која варира од жолтеникаво бела до снежно бела секогаш без присуство на маска на главата.
- Медова тип на куче во разни нијанси на кафена боја, од светла (боја на ‘рѓа) до доста темна кафена боја.