Македонска автохтона домашна кокошка – Сребра

Кокошките присутни во дворовите низ руралните средини се со огромно шаренило во фенотипот (изгледот) и посебно во бојата на пердувот, но повеќе од сигурно, некаде низ или во овие фенотипови е скриено зачуван и генотипот на архаичната македонска автохтона домашна селка кокошка.Македонската автохтона домашна селка кокошка е сѐ уште присутна во руралните средини на територијата на Р. Македонија. Таа опстојувала со векови наназад и била составен дел на сите дворови каде што зивеела, се хранела и се размножувала во помошните простории на кужата т.е. шталите, плевните или пак во одредениот простор за тоа – кокошарник, без посебно внимание од одгледувачот, односно како неминовен „инвентар“ на секое домаќинство. Под влијание на скромните услови на одгледување, се оформува генотип со скромен капацитет на производност (мал број јајца).Врз база на информациите од реализираните активности за карактеризација на генотипот на автохтона македонска домашна селка кокошка кои се базираа врз дескриптивни информации од возрасните луѓе од руралните средини, како првична карактеризација на генотипот, скринингот на повеќе рурални средини, анкетите, односно прашањата во ворска со јатото – во врска со тоа од кога и како  е одгледувано јатото и дали во него има донесено петли или кокошки од други места или пак истото е постојано одгледувано во затворена популација. Преку реализираните разговори и посетите на руралните средини беа детерминирани три фенотипски соја на македонската автохтона одмашна селка кокошка и тоа:·         Светло браон со потемно црно-браон обојување на вратот, крилјата и опашот;·         Пепелесто сребрен со шари типични за дивите соеви како јеребичестата италијанка и ·         Темен црн со црвени или сребрени колумбијан шари на вратот и на градите, кој беше најчест.Низ активностите за фенотипска карактеризација на автохтониот генотип беа додатно детерминирани уште два често присутни фенотипски варијанти и тоа:·         Таканаречен сив или син, односно „плав“ фенотип (кој веројатно им акорени во некакво учество на расата аустралорп во комбинација со домашни кокошки, но според исказите на одгледувачите геенрално се одржува како популација повеќе од 30 години) и ·         Специфичен фенотип, односно фенотипска форма нова според својот изглед, со изразени колумбијан обојувања.